Достапни линкови

Филипче предупредува на есенскиот бран на Ковид-19


Macedonia - Minister of Health Venko Filipce holds a press conference

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека и покрај вториот бран кој е со поголем интензитет од првиот, ситуацијата добро се менаџира, а здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Според него, во овој момент нема индикација за воведување дополнителна мерка која би значела рестрикција во движењето.

Тој порача дека изминатите неколку дена факторот на пренос на Ковид- 19 е под единица и ако така остане, бројот на пациенти ќе се намали. Филипче предупреди и дека доаѓаат есенските месеци кога луѓето повеќе ќе бидат во затворено и ќе почнат да работат школите.

„Тоа се сериозни ризик фактори и може да биде сериозен предизвик за здравствениот систем, многу поголем и од првиот и од вториот бран. Мора да сме свесни дека сите сме заедно во овој процес. Здравствениот систем сега е многу поспремен од почетокот на кризата, но не е целта да се зафатат сите кревети, туку да се спречи вирусот“, порача Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

Разрешен директорот на Центарот за јавно здравје- Зибери

Филипче ги отфрли обвинувањата на разрешениот в.д директор на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери дека неговото смена на функцијата е политичко поради неговата роднинска врска со кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери. Според него, Зибери е разрешен поради тоа што пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести.

Од ДУИ го осудија постапувањето, како што соопштија, пресметано врз дневнa политичка цел, освета и во функција на парламентарните избори, на Филипче против Зибери. Според партијата, со тоа се загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против Ковид- 19.


XS
SM
MD
LG