Достапни линкови

Во Хрватска 17 нови случаи, во Албанија 71 за едно деноноќие


Бројот на заразени со корона вирус во Хрватска расте во последните четири дена, а денеска има 17 новозаразени.

Националниот штаб за цивилна заштита најави дека денеска ќе одржи прес-конференција, по подолго време, по повод зголемувањето на бројот на заразени лица.

Во меѓувреме, министерот за здравство, Вили Берош на својот Твитер профил објави дека „ситуацијата е под контрола, но ништо не е поважно од здравјето на нацијата.

Во Албанија пак во последното деноноќие има 71 новозаразени, оздравени осум,а починато едно лице. Од Институтот за јавно здравје соопштија дека она што посебно загрижува е и зголемувањето на бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Во Инфективната клиника во Тирана моментно се 78 пациенти,од нив 10 се на интензивна терапија, додека еден е поставен на респираторна машина.

XS
SM
MD
LG