Достапни линкови

Црна Гора повторно ја затвори границата со Албанија


Поради зголемениот број на новозаразени со Ковид -19, Црна Гора повторно ја затвора копнената граница со Албанија, соопшти албанското Министерство за Европа и надворешни работи.

Во соопштението стои дека овој режим започнува на полноќ в недела, 21 јуни 2020 годинаи важи до следната одлука на Главниот кризен штаб во Подгорица.

Од оваа одлука се изземаат здравствени работници, медицински истражувачи, лица кои се занимаваат со превоз на стока и друг транспорт, дипломати, персонал на меѓународни организации, воен персонал и хуманитарни работници, специјални категории на патници во транзит и лица на кои им е потребна меѓународна заштита во Црна Гора или од други хуманитарни причини.

XS
SM
MD
LG