Достапни линкови

Во Словенија шест, во Хрватска 19 новозаразени со коронавирусот


Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата има повторен пораст на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. За разлика до вчерашните два, денеска се потврдени шест нови случаи на лица позитивни на тестот за Ковид-19.

Меѓу заразените тројца се од Љубљана, еден од Пиран, а вирусот е потврден и кај двајца странски државјани. Лекарите потврдија дека меѓу новите случаи има и две деца, односно се работи за момче и девојче.

Во последните 24 часа и во Хрватска се потврдени 19 нови случаи на коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Најмногу од нив, седум, се регистрирани во Загреб.

Во Хрватска досега се тестирани 72.202 лица, од корона вирусот се излекувале 2.142 лица, додека 107 луѓе починале.

XS
SM
MD
LG