Достапни линкови

87 нови случаи со Ковид-19 и еден починат


Министерот за здравство Венко Филипче

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19: Скопје 41, Куманово 12, Штип 16, Тетово 10, Струга 1, Охрид 2, Гостивар 1 и Пробиштип 4, објави министерот за здравство Венко Филипче.

„На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти“, соопшти министерот.

Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.

XS
SM
MD
LG