Достапни линкови

Втор ден полициски час за Скопје, Куманово, Штип и Тетово


Скопската чаршија за време на полициски час

За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце денеска е втор ден карантин, откако Владата за тоа донесе одлука на седницата во средата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Осумдесетчасовниот полициски час почна во четвртокот во 21 часот, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

Во сите останати градови денеска и утре полицискиот час почнува од 16 часот и трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Поради празникот Задушница и Духовден забрана е воведена и за посета на гробиштата на целата територија на државата до понеделник до 5 часот.

Полицискиот час беше воведен по повторното зголемување на бројот на заболени од коронавирус во земјава.

XS
SM
MD
LG