Достапни линкови

Мицкоски објаснуваше за случајот „Теретана“ и за познанството со Александар Верушевски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Александар Верушевски го познавам, голем патриот е, изјави на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНР, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали го познава синот на Зоран Верушевски, Александар, кој тајно го снимал Зоран заев пред четири години, а снимката ја објави пред десетина дена.

„Да, се познавам со господинот Александар Верушевски. Тој е грижлив родител и посветен сопруг, а она што можеби е значајно да го знаете е дека тој е голем патриот“, одговори Мицкоски.

Мицкоски на денешната партиска прес-конференција потврди и дека се јавувал кај службеник на МВР во врска со случајот „Теретана“, но, како што рече, не за да врши притисок, туку да побара да се расчисти случајот во име на вистината, откако беше обвинет дека во пандемија бил во теретана и ги прекршил законските прописи за заштита на јавното здравје и мерките донесени за заштита од коронавирусот.

Станува збор за објавениот разговор снимен од 2016 кој изминатиот период беше објавен како аудио-запис во кој Заев ги искажува своите ставови за невладините организации. Заев пред четири дена откри дека свиркачот е помладиот Верушевски.

XS
SM
MD
LG