Достапни линкови

Синот на Верушевски тајно го снимал Заев


Архивска фотографија - Таткото на Александар, Зоран Верушевски, во суд како сведок во случајот Таргет - Тврдина.

Соговорникот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на четирите аудио снимки кои на 9 мај се појавија на каналот Јутјуб од авторот „Бошко Буха“, е Александар Верушевски, синот на советникот на лидерот на СДСМ, Зоран Верушевски. Тој и ја направил снимката, изјави денеска Зоран Заев.

Тој на новинарско прашање одговори дека тонскиот запис без негово знаење е направен пред четири години во Струмица.

„Во врска со прашањето во врска со соговорникот кој ме снимал, тоа е господинот Александар Верушевски. На ручек кај мене во Струмица, тоа е летото 2016 година. Овде, седиме и ручаме и видов дека ме снимал. Разговорот јасно покажува кој е. Не беше тоа пред 100 години, беше пред 4 години од денеска наназад гледано. Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност. Јас сум пријател со сите. Тој така одлучил, така направил. Јас сум многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња. Со професорот Верушевски сум пријател, тој е претседател на нашата Комисија за внатрешна безбедност во државата, советник во Кабинетот за национална безбедност. Соработувам, но еве, така одлучил Александар и така направил“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG