Достапни линкови

Мицкоски: Уредбата на Владата за избори на 21 јуни е нелигитимна


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Не е легитимна Уредбата на Владата, врз основа на која СДСМ тврди дека треба да се одржат избори на 21 јуни, доколку не биде продолжена вонредната состојба, која завршува на 30 мај, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција. Тој додаде дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев не гласал за Уредбата со која беа стопирани изборните дејствија.

Во однос на избирниот датум, Мицкоски, сепак, рече дека ВМРО-ДПМНЕ е за компромис, но дека не прифаќа ултиматуми, како што рече, каков што е ултиматумот на Зоран Заев за избори на 21 јуни. Мицкоски вели дека нема информации за дипломатско посредништво за постигнување на консензус за изборите.

„По завршувањето на вонредната состојба, што очекувам да се случи на 30 мај, треба да поминат 60 дена до одржување на изборите, што се совпаѓа со термините што ги предлагаме“, изјави Мицкоски.

XS
SM
MD
LG