Достапни линкови

Оздравени 16 пациенти, еден починат и 22 нови случаи на коронавирус


Министерот за здравство Венко Филипче

Министерството за здравство информира дека 16 пациенти оздравеле, а еден починал од корнавирусот. Оздравени се осум пациенти во Скопје, по двајца во Прилеп, Струга и Велес и по еден во Гостивар и Кратово. Во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка од Скопје на 79-годишна возраст. Таа на 13 мај била примена во болницата како сомнителен случај на вирусот, а вчера било потврдено дека е позитивна.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на КОВИД-19 од 462 направени тестирања. Од новозаразените, најмногу или девет се во Скопје, шест во Тетово, четири во Прилеп и по еден во Куманово, Велес и Охрид.

Од вкупниот број тестови во изминатото деноноќие, 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ се тестирани 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Ќе го стопи ли коронавирусот топлото време?

Досега се направени вкупно 21010 тестирања на коронавирусот. Од почетокот на епидемијата, вкупниот број дијагностицирани на КОВИД-19 изнесува 1762, оздравени се 1267, а починати 98 лица. Во моментов бројот на активни случаи е 397.

XS
SM
MD
LG