Достапни линкови

Приведени 42 лица за непочитување на полицискиот час


Вкупно 55 лица во целата држава во изминатите 24 часа не ја почитувале забраната за движење, при што биле приведени 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Според статистиката на МВР, во истиот период на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација, додека полициските службеници кои извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, не евидентирале лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

XS
SM
MD
LG