Достапни линкови

Спасовски: Рамазан да се прослави во кругот на семејството


Архивска фотографија - Премиерот Оливер Спасовски

Премиерот Оливер Спасовски, по повод светиот месец Рамазан, упати писмо до Исламската верска заедница и до Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, и од верниците побара празникот Рамазан да го поминат во кругот на семејството, како дел од мерките за заштита од коронавирусот.

„Во овие тешки моменти, кои на светско ниво ги донесе оваа пандемијата и здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, токму начелата на почитување и солидарност се понеопходни од кога и да било“, напиша премиерот Спасовски во рамазанската честитка.

Спасовски нагласува дека во светиот месец на постот, на соочувањето со искушенијата, преку одрекувањето и воздржувањето се покажува и највисока грижа за другите, и порачува дека годинава треба да се прифати дека рамазанските денови треба да се поминат во потесниот круг на семејството, и на тој начин да го заштитиме здравјето на нашите роднини, пријатели и соседи, но и нашето здравје.

XS
SM
MD
LG