Достапни линкови

Евростат - Процентот на вработени жени се уште е помал од процентот на вработени мажи


Процентот на вработени жени на возраст меѓу 20 и 64 години во Европската унија во 2018 година изнесува 67 отсто, што е раст од еден процентен поен во однос на претходната година и пет процентни поени во однос на 2008 година. Сепак, процентот на вработени жени се уште е помал од процентот на вработени мажи на иста возраст и разликата изнесува 12 процентни поени.

Најголема стапка на вработеност меѓу жените има Шведска – 80 проценти, додека најниска Грција – 49 проценти и Италија – 53 проценти. Кај нас стапката на вработеност на жените изнесува 45,2 проценти. Кај нас стапката на вработеност на мажите изнесува 66,6 проценти, што претставува разлика од 21,4 проценти поени во однос на стапката на вработени жени.

Стапката на невработеност на ниво на ЕУ се уште е поголема кај жените. Стапката на невработеност кај жените во ЕУ во 2019 година изнесува 7,1 проценти, што е повеќе споредено со 6,4 проценти – невработеност кај мажите. Меѓу земјите членки на ЕУ стапката на невработеност кај жените се движи од 16 проценти во Шпанија до 2,4 проценти во Чешка.

На ниво на ЕУ жените многу е поверојатно да работат половина работно време. Една третина (30 проценти) од вработените жени во ЕУ во 2018 година работеле половина работно време, што е речиси четири пати повеќе од процентот на мажи – од кои само 8 отсто работеле

половина работно време. Најголем процент на вработени жени кои работеле половина работно време во ЕУ има во Холандија – 74 проценти, додека најниска стапка во Бугарија, каде само два проценти од вработените жени работеле половина работно време.

Кај нас само 3,4 проценти од вработените жени работеле со половина работно место, што е незначително поголем во однос на мажите, од кои 3,3 проценти работеле со половина работно време.

XS
SM
MD
LG