Достапни линкови

Чулев: побарав од Агенцијата за разузнавање преземање на Алексовски


Скопје- министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска одговорајќи на новинарско прашање рече дека класичен „фејк њус“ (лажни вести) се информациите дека Кирил Тодоровски ќе биде еден од советниците затоа што тој нема работен статус во Агенцијата за разузнавање и тој не можел да го преземам.

„Се работи за медиумски спин. Мислам дека самата личност заради тоа ќе си покрене постапка пред надлежните органи“,рече Чулев.

Министерот потврди дека за Синиша Алексовски е испратена спогодба за преземање до Агенцијата за разузнавање, но, како што рече, за него ниту е поведена кривична постапка, ниту е обвинет во некој случај досега.

„Се друго е инсинуации во медиумите во однос на неговиот интегритет, Досега нема ниту обвинителен акт, ниту кривична пријава, ниту е осуден за какво било дело“, рече Чулев.

Алексовски му беше советник на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Неговото име се споменуваше во јавноста поврзано со насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Прво го спомена поранешниот советник за безбедност во Амбасадата на Србија во Македонија Горан Живаљевиќ кој рече дека вечерта во Собранието бил откако го информирал Алексовски, а потоа неговото име беше споменувано и од сведоци во судскиот процес за собраниските настани.

Киро Тодоровски, пак, е поранешниот шеф на кабинет на кабинетот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а сега обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“.

XS
SM
MD
LG