Достапни линкови

Времето денеска: облачно со повремен снег


Ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, влажен снег и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси. Утринската температура ќе биде од минус три до пет, а дневната од минус еден до осум степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу еден, а дневната ќе достигне до пет степени.

XS
SM
MD
LG