Достапни линкови

Кина воведе построги карантински мерки


Специјализираната болница во Вухан

Кинеските власти соопштија дека болницата со 1.000 кревети е комплетирана за третирање на жртвите на новиот, смртоносен коронавирус. Во меѓувреме бројот на починатите е 362, додека 17.000 луѓе во Кина и во светот се заразени. Специјализираната болница во Вухан е изградена за 10 дена, додека уште една болница со 1.500 кревети е во изградба. Градот е под блокада со затворени патишта и јавен сообраќај. Прв смртен случај од коронавирусот надвор од Кина бил забележан на Филипините.

XS
SM
MD
LG