Достапни линкови

Иницијатива за измени на Кривичниот законик


Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски е иницијатор на изнените за засотрување на одредбите за застарување на кривични дела

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ денеска поднесе измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кои се иницира промена на одредбите за застарување на кривични дела сторени со злоупотреба на службената положба и овластување, особено од страна на избрани и именувани лица. Тој појасни дека во измените се предвидува апсолутното застарување на кривичното гонење да настапи кога ќе помине период три пати подолг од пропишаната казна за тоа дело.

ВМРО-ДПМНЕ првично го поддржува заострување на легислативата за застарување на кривични дела за функционери. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска рече дека за нив се прифатливи такви измени, но додаде дека тие ќе предложат во законскиот текст да се вметнат и одредби и за нивниот предлог аболицирани лица да не можат да бидат избрани на раководни функции и да нема аменстија за високи функционери.

XS
SM
MD
LG