Достапни линкови

ТНТ две години се „влече“ по судски ходници


Екс-министерот Миле Јанакиески и екс-градоначалникот Тони Трајковски на судење за ТНТ

Судскиот процес на СЈО за уривањето на „Космос“ познат во јавноста како ТНТ е при самиот крај, но и натаму не може да се одреди кога точно ќе заврши поради постојаните барања и обиди на одбраната да се одложат рочиштата.

Судската завршница за случајот ТНТ кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“,е така блиска, ама сепак далечна. Судијата Огнен Ставрев денеска казни тројца адвокати со парична казна од 2 илјади евра кои бранат четворица од вкупно седум обвинети во овој предмет, затоа што денеска не се појавиле на закажаното судско рочиште на кое обвинетите требаше да ја дадат својата одбрана. По неколку паузи и кратко заседавање судот одлучи рочиштето да продолжи утре за новите бранители, кои беа назначени по службена должност, да се запознаат со предметот.

Во овој предмет прво обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија откако побегна од државата. По него обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и поранешниот градоначалник Тони Трајковски како и неколкумина вработени во општината Гази Баба. Тие се гонат за злоупотреба на службена должност поради уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот и тогашен лидер на политичката партија ПЕИ Фијат Цановски, кој, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска третообвинетиот Трајковски пред почетокот на рочиштето го известил судијата Огнен Ставрев дека му го откажал полномошното на неговиот адвокат Боро Тасевски. Судијата Ставрев ова го оцени како обид за одолговлекување на постапката која е речиси при крај.


Претходно откако адвокатот на обвинетата Елизабета Најдовска, Димитар Дангов го откажа полномоштвото по 40 оддржани рочишта за предметот судот по службена должност го назначи Мерџан Даути кој веќе на следното рочиште бараше превод на сите судски списи на албански јазик како и дополнително барал изземање на поротнички кои наскоро ќе наполнат 60 години, поради истек на мандат. Судот и ова го ценеше како обиди на одбраната за одолговлекување на судскиот процес.

Речиси една третина од рочиштата на ТНТ одложени

Од 24 јануари минатата година кога започна судењето за „ТНТ“во изминативе две години се закажани 43 рочишта од кои 15 беа одложени најчесто поради отсуство на бранители или обвинети, покажува судското досие на невладината „Коалиција сите за правично судење“. Ако се погледнат датумите на закажани рочишта и на одложени може да се заклучи дека судот за овој предмет заседавал во просек еднаш месечно.

Поранешниот претседател на Врховниот суд Дане Илиев смета дека токму приближувањето до судската завршница за одредени предмети од СЈО како и очекувањето од предвремени избори влијае на одолговлекувањето на судските предмети.

„ Општиот впечаток е дека судиите не се многу ангажирани за завршување на предметите од СЈО, дека нон стоп се одлагаа одредени рочишта, се забележуваат разни процедурални и непроцедурални причини за одложување, како болести, недоаѓање на бранители , па доделување на бранители по службена должност што повеќе го закочува предметот, и така натаму, така што не очекувам сега поголем ангажман од судиите,“ објаснува Илиев.

Тој додава дека судската статистика покажува дека недостигот на ажурност на судиите е еден од клучните проблеми во долготрајноста на процесите.

„Мене повеќе ми личи на едно неработење, ненгажирање, без одговорност, гледате како се одлагаат претреси, колку години е процесот за нападите во општина Центар или за уривањето на Комос, што е поедноставен предмет. Сето тоа укажува на недостаток на личен ангажман, треба секој судија да покаже личен ангажман, , нема расправа во судовите за нивната ажурност во предметите и ова укажува на една лежерност на судиите во предметите“, вели Илиев.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот лидер на политичката партија ПЕИ Фијат Цановски кој ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ по изборите. Во обвинението е наведено дека со уривањето е причинета штета од 16 милиони евра, а дополнително буџетот на општина Гази Баба бил оштетен за речиси 50 илјади евра.

СЈО:Го уривале Космос за да му се одмаздат на Цаноски

Обвинителката Фатиме Фетаи која ја презенгтираше истрагата во 2016 година презентираше и пораки од мобилниот телефон на сега веќе починат сопственик на фирмата која го извршила уривањето.

„Се разбира дека претходницата на овие пораки го чувте во веќе широко познатата фраза „Миле ми текна“, или во овој случај „Миле ми текна друга варијанта - Ние да го смениме таму ДУП-от?“, во овој случај како дел од неовластено прислушуваните разговори, помеѓу еден од поранешните премиери и еден поранешен министер за транспорт и врски“ изјави тогаш Фетаи.

Во судот за овој предмет се слушаа и „бомбите“ на тогашната опозиција.

Заев - Како се уриваше Космос
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:05 0:00

За уривањето на Космос беше оддржана надзорна расправа во Собранието се слушнаа исведочења на професори од градежниот факултет.

Груевски во суд за случајот ТНТ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00

Тогаш во 2011 година Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам тврдеше дека Oпштина Гази Баба ја води постапката за уривање на станбено деловниот комплекс „Космос“ целосно во согласност со законите за градење и за општа управна постапка. Цановски тогаш поднесе и кривични пријави против тогашните градоначалници Тони Трајковски на Гази Баба и Коце Трајановски на Град Скопје.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG