Достапни линкови

Премиерот Заев на состанок со СОНК


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање најави дека денеска ќе има состанок со Синдикатот за образование, наука и култура за да се најде решение за платите на наставниот кадар и да се избегне најавениот генерален штрајк. Заев наведе дека платите на наставниците за време на мандатот на сегашната Влада се зголемиле за 10 насто, а во преговорите со СОНК понудиле уште десет проценти покачување. „Тоа што досега е понудено ја преминува просечната плата, најниската просечна плата во образованието да биде поголема од просечната плата во државата“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG