Достапни линкови

Ердоган: Смртта на Ал Багдади – пресвртница во борбата против тероризмот


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека смртта на водачот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е пресврт во заедничката борба против тероризмот. Ердоган на Твитер објави дека Турција платила висока цена во борбата против тероризмот, вклучително и против курдските борци од редивите на Силите за заштита на народот во Сирија. Тој додаде дека Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите за борба против тероризмот.

XS
SM
MD
LG