Трамп објави дека Хамнеи е мртов по американско - израелските воздушни напади
Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи во Техеран на 1 февруари, 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи објави дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, е мртов, повикувајќи се на повеќе извештаи според кои 86-годишниот тврдокорен лидер бил убиен во американски и израелски воздушни напади.
„Хамнеи, еден од најзлите луѓе во историјата, е мртов“, напиша Трамп.
„Ова не е само правда за народот на Иран, туку и за сите големи Американци и за луѓето од многу земји ширум светот кои биле убиени или осакатени од Хамнеи и неговата банда крволочни насилници.“
„Тој не успеа да ги избегне нашите разузнавачки и високо софистицирани системи за следење и, во тесна соработка со Израел, немаше ништо што тој, или другите лидери кои беа убиени заедно со него, можеа да направат“, додаде Трамп.
До вечерта на 28 февруари немаше официјална потврда од Техеран за смртта на 86-годишниот врховен лидер на Иран — што, доколку е точно, би претставувало сериозен удар за веќе притиснатото иранско раководство.
Иран по американско- израелскиот напад
1/8Жителите на Техеран во саботата наутро ги разбудија звуци на експлозии и чад што се издига над локациите кои беа цел на израелските напади
Израел почна „превентивни напади“ врз Иран, додека американскиот претседател Трамп кажа дека американските сили започнале воена операција во Иран
2/8Израел соопшти дека започнува „превентивни напади“ против Иран.
Израел почна „превентивни напади“ врз Иран, додека американскиот претседател Трамп кажа дека американските сили започнале воена операција во Иран
3/8Луѓе бегаат од нападите
Израел почна „превентивни напади“ врз Иран, додека американскиот претседател Трамп кажа дека американските сили започнале воена операција во Иран
4/8Нападот почна само неколку дена по маериканско-иранските нуклеарни преговори. На фотографијата: луќе во бегство по ракетните напади.
Израел почна „превентивни напади“ врз Иран, додека американскиот претседател Трамп кажа дека американските сили започнале воена операција во Иран
5/8За експлозии се јавува во Техеран и Табриз
Израел почна „превентивни напади“ врз Иран, додека американскиот претседател Трамп кажа дека американските сили започнале воена операција во Иран
6/8По нападите Иран го затвори воздушниот простор.
Израел почна „превентивни напади“ врз Иран, додека американскиот претседател Трамп кажа дека американските сили започнале воена операција во Иран
7/8Редици на бензинските пумпи по нападите.
Израел почна „превентивни напади“ врз Иран, додека американскиот претседател Трамп кажа дека американските сили започнале воена операција во Иран
8/8Сообраќајот во Техеран денеска.
Израел почна „превентивни напади“ врз Иран, додека американскиот претседател Трамп кажа дека американските сили започнале воена операција во Иран
Previous slide
Next slide
Хамнеи има речиси апсолутни овластувања во Иран откако стана врховен лидер во 1989 година, по смртта на основачот на Исламската Република, ајатолахот Рухолах Хомеини.
Ројтерс претходно го цитираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој изјави дека постојат „знаци“ дека врховниот лидер бил убиен во нападите.
„Утрово го уништивме комплексот на тиранинот Хамнеи“, рече Нетанјаху во видео-обраќање.
„Постојат многу знаци дека овој тиранин повеќе не е жив. Утрово елиминиравме високи функционери од режимот на ајатоласите, команданти на Револуционерната гарда, високи личности од нуклеарната програма — и ќе продолжиме. Во наредните денови ќе погодиме уште илјадници цели на терористичкиот режим“, додаде Нетанјаху.