Достапни линкови

Гремингер:ОБСЕ не носи политички одлуки, може само да го олесни дијалогот во Албанија


Архивска фотографија, генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер

ОБСЕ може да го олесни дијалогот во Албанија, но не и да носи политички одлуки за изборните реформи, рече денеска генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој престојува во Тирана. На заедничката прес-конференција со албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај, Гремингер рече дека на сите соговорници им кажал „што може и што не може да направи ОБСЕ“.

Тој вели дека ОБСЕ може да донесе техничка експертиза, да ги потсети земјите на обврските што ги имаат, и да го олесни дијалогот, но не може да носи политички одлуки за чекорите што треба да се преземат во областа на изборните реформи.

Албанија во 2020 годна го презема претседавањето со ОБСЕ, за што според министерот Цакај, земјата е целосно подготвена.

XS
SM
MD
LG