Достапни линкови

Заев треба да сведочи на рочиштето за „Таргет Тврдина“


Премиерот Зоран Заев денеска треба да сведочи на рочиштето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“.За случајот досега сведочеа Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

На едно од минатите рочишта поранешниот разузнавач Верушевски, кој сега е советник на премиерот Зоран Заев и дел од партиските органи на СДСМ, рече дека бомбите не завршувале кај него, туку во партијата и кај партискиот лидер, а тој само ги анализирал, оти бил надлежен за безбедносната политика во СДСМ. На следното рочиште, пак, рече дека погрешен човек е првообвинет и дека голем дел од обвинетите ја плаќаат цената на патолошката опседнатост на Никола Груевски да остане на власт.

XS
SM
MD
LG