Достапни линкови

Лидерска кај Пендаровски в недела


Лидерска средба ќе се одржи в недела попладне во претседателската „Вила Водно“. Средбата е на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, а уследи по недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ. На средбата ќе присуствуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата.

На лидерската се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и претседателот на Движење Беса, Билал Касами.

Претходно претседателот Пендаровски порача дека не е време за разочарување, за апатија или за калкулации за ситни дневно-политички поени, туку за повторно обединување.

XS
SM
MD
LG