Достапни линкови

Договорот меѓу Курдите и Асад е за заштита од турската офанзива, а за политика подоцна


Чад од експлозии во сирскиот граничен град Рас ал Аин.

Лидерите на сириските Курди велат дека договорот што го имаат со владата на претседателот Башар ал Асад, засега им овозможува на сириските трупи да се распоредат по должината на границата, а за политика ќе разговараат подоцна. Договорот е склучен со посредство на Москва.

Високиот курдски политичар, Алдар Халил, вели дека вонредните мерки со надзор на Русија, треба да ја блокираат турска офанзива во североисточна Сирија.

Соединетите Американски Држави соопштија дека ќе повлечат 1000 војници од североисточна, пред проширувањето на турската офанзива.

Турција пред една недела почна операција, откако американскиот претседател Доналд Трамп реши да ги повлече силите од северот на Сирија.

Сириските државни медиуми објавија дека сириската војска влегла во североисточниот град Тел Тамер.

Курдскиот лидер Халил вели дека сега приоритет е да се заштити границата од турската опасност.

XS
SM
MD
LG