Достапни линкови

САД ги повлекуваат сите војници од северна Сирија


борби во Сирија

Соединетите држави соопштија дека ги повлекуваат сите свои војници од северна Сирија. Во исто време Франција објави дека презема мерки за да ја обезбеди сигурноста на нејзините војници и цивили во таа област поради тешките борби меѓу силите предводени од Турција и Курдските борци. Претходно сириските курдски сили соопштија дека на постигнале согласност со сириската влада да добијат помош во одвраќањето на турската инвазија. Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека Турција „по се изгледа има намера да го прошири нападот од она што претходно било планирано.

XS
SM
MD
LG