Достапни линкови

Со нож прободени петмина во Манчестер, напаѓачот совладан


Полицијата денеска го блокираше пристапот до трговскиот центар во центарот на Манчестер каде се случил нападот.

Пет лица биле прободени со нож денеска, во трговски центар во англискиот град Манчестер, а истрагата ја водат инспектори за борба против тероризмот, соопшти полицијата во Манчестер, пренесе Ројтерс.

По нападот, што се случил во трговскиот центар Арандал, во центарот на градот, објектот бил евакуиран, а вооружената полиција го обезбедила местото, по што еден 40-годишен маж бил совладан од полицијата со употреба на електричен шок-пиштол.

„Можеме да потврдиме дека пет лица биле прободени со нож и однесени во болница. Во оваа фаза имаме широка истрага за мотивот за овој ужасен настан“, се вели во соопштението на манчестерската полиција.

XS
SM
MD
LG