Достапни линкови

Пратениците изгласаа покачување на платите во јавниот сектор


Собрание на Република Северна Македонија

Собранието на денешната 115-та седница, со 82 гласа „за“, без воздржани и без против, по скратена постапка, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, со кој се овозможува покачување од пет отсто на платите во јавната администрација.

Пратеничката од СДСМ Јагода Шехпаска на собраниската говорница истакна дека со Законот ќе бидат опфатени сите вработени во јавниот сектор, кој согласно информациите од Министерството за информатичко општество за 2018 година изнесуват околу 138 илјади.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска посочи дека како пратеничка група поднеле амандман за зголемување на платите од 10 отсто за администрацијата.

О Владата велат дека ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.

XS
SM
MD
LG