Достапни линкови

Пожари и инциденти на Лезбос, има загинати и повредени


Најмалку двајца загинати и пет повредени е билансот од пожарите и инцидентите во прифатниот центар Мориа на грчкиот остров Лезбос, според информациите во локалните медиуми, јави МИА од Атина.

Од засега непознати причини вчера попладне избиле два пожара, едниот во близина на центарот за прием и идентификација, другиот во внатрешноста, во кој, според медиумите, животот го загубиле една жена и едно дете, а предизвикана е и материјална штета.

Бегалците и мигрантите со камења и предмети ги нападнале пожарникарите, отежнувајќи ја нивната работа, а веднаш потоа избиле и инциденти меѓу лицата сместени во прифатниот центар и полициските сили кои употребиле шок бомби и солзавец.

Засега, повредени се пет лица и пренесени во болница, без да постојат дополнителни информации.

Од грчката полиција соопштуваат дека силите на островот се засилуваат со испраќање полицајци, а за Лезбос заминува и началникот на полицијата и генералниот секретар за миграциска политика.

Управителите на Центарот за прием и идентификација на бегалци и мигранти, заедно со вработените го напуштиле центарот.

XS
SM
MD
LG