Достапни линкови

Коалицијата на Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен


Илустрација - Саудиски тенкови на границата со Јемен

Сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот град Ходеида. Целта на операцијата, како што е наведено, се „легитимно воени цели“, објави државната телевизија Екбарија, а пренесоа новинските агенции. Цивилното население е предупредено да се повлече од локацијата која е цел на операцијата.

Коалицијата од муслимани сунити, кои го поддржуваат Западот, интервенираше во Јемен во март 2015 година против јеменските Хути, кои го поддржуваат Иран, откако претходно ја симнаа меѓународно признатата Влада во Сана, кон крајот на 2014 година. Односите меѓу Саудиска Арабија и Јемен и Хутите, поддржани од Иран, дојдоа до кулминација по неодамнешниот напад на голема нафтена постројка на Саудиска Арабија, по што реагираа и САД дека ќе го бранат својот партнер Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG