Достапни линкови

Светот веќе живее со климатските промени


Ја губиме трката против климатските промени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Ја губиме трката против климатските промени

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, сака на самитот што в понеделник ќе се одржи во Њујорк, владите да дадат поамбициозни ветувања за намалување на емисиите на штетни гасови. Овој самит има за цел да го зајакне Парискиот договор пред клучна фаза на неговото спроведување во следната година.

Сегашните ветувања на владите за намалување на емисиите не се доволни за да ја исполнат целта од Париз за одржување на порастот на просечните глобални температури на нешто под два Целзиусови степени, со цел да се ограничи затоплувањето на еден ипол Целзиусов степен.

Тоа значи дека усогласувањето на постојните национални планови според Парискиот договор, останува далеку од соодветно за да се избегнат најлошите последици - од природните непогоди до економските штети од затоплувањето на Земјата.

„Бизнисот не може да успее на планета која пропаѓа, а работните места не можат да се одржат на планета која умира. Треба да дојдат уште многу иницијативи. Сите тие ќе бидат претставени на самитот и се дизајнирани да бидат искористени за да можат да имаат глобално влијание врз барањата за климатска криза“, рече Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Наведувајќи дека Целите од Парискиот договор треба да претставуваат силна обврска тој дополни:

„Климатските промени не се закана само за климата на крајот од векот. Промените се веќе трагичен проблем на нашите општества. Но, точно е дека ако работите продолжат какви што се, младите генерации, кога ќе дојдат во поголема возраст или во последните периоди од нивниот живот, ќе бидат уште подраматично погодени. Имам три внуци и не сакам да бидам одговорен за нив да живеат во полу-уништена планета кога ќе дојдат на моја возраст“.

Генералниот секретар Антонио Гутереш изрази уверување дека со заедничко и континуирано работење градовите, државите и регионите имаат капацитет да ги развијат сите позитивни мерки во однос на климатското дејствување.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG