Достапни линкови

Јанева денеска со полициска придружба на погребот на нејзината мајка


Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари откако судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист. Во притвор во Шутка веќе се наоѓаат другите двајца осомничени за „Рекет“, Бојан Јовановски и Зоран Милески. Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека на Јанева ќе и биде дозовлено да присустува на погребот на нејзината мајка, денеска во Гевгелија. Таа за време на погребот ќе биде под постојана полициска придружба. Судијата Сеад Реџепагиќ ја донел одлуката за притвор по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство. Јавниот обвинител Љубомир Јовески претходно изјави дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари, така што влијаела врз постапката, овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“.

XS
SM
MD
LG