Достапни линкови

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски примен од унгарскиот премиер Орбан


Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија Виктор Обран, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ во кое се додава дека притоа се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјава, како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво во рамките на Европската Народна Партија. Мицкоски, како што се наведува, изразил загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кој се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава. Сепак, тој, како што се додава во соопштението, истакнал дека е потребно земјата да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции.

XS
SM
MD
LG