Достапни линкови

Вашингтон и Лондон подготвуваат нов трговски договор


Мурал на Трамп и Џонсон на зграда во Брисел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тековните преговори за трговски договор со Велика Британија се во тек. Тој оцени дека билатералниот пост-регионален договор би можел да резултира со четирикратен, па дури и петкратен пораст на трговијата. Како што соопшти Би-Би-Си, детали од договорот засега нема. По телефонскиот разговор со новоизбраниот британски премиер Борис Џонсон, Трамп изјави дека новиот премиер ќе биде "одличен". Тој посочи дека трговските односи на двете земји само трпеле штета поради членството на Лондон во Европската унија (ЕУ).

"Кога ќе ја напуштите ЕУ, Велика Британија може да стори многу повеќе во трговските односи со САД", рече Трамп.

Џонсон и Трамп истакнаа дека Лондон и Вашингтон ќе започнат официјални преговори штом Британија ќе ја напушти ЕУ. Велика Британија не може да потпишува трговски договори додека е членка на ЕУ која треба да ја напушти на 31 октомври.

XS
SM
MD
LG