Достапни линкови

Романија има потреба од милион работници


Еуген Теодорович

Романскиот министер за финансии Еуген Теодорович изјави дека земјата има потреба од еден милион работници. На конференцијата во Букурешт посветена на ситуацијата со вработувањето во Романија, министерот истакна дека речиси 5 милиони Романци заминале во странство, а има и многу кои работат на црно.

Теодорович истакна дека некои мерки преземени од страна на властите успеале да вратат романски работници во нивната родна земја, давајќи го како пример градежниот сектор.

XS
SM
MD
LG