Достапни линкови

Хант: Иран тргна по опасен пат


Архивска фотографија- Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант на социјалната мрежа Твитер напиша дека е загрижен поради тоа што Иран тргнал по “опасен пат” откако вчера Иранската револуционерна гарда соопшти дека заплениле танкер кој пловел со британско знаме во Ормускиот Теснец.

Претходно Хант рече дека неговата земја се фокусира на дипломатијата, а не на воените опции. Британските власти пак ги советуваа британските бродови да го избегнуваат заливот.

“Длабоко сме загрижени поради нерегуларните активности на Иран кои претставуваат очигледен предизвик за меѓународната слобода на пловење”, изјавил претставник на британската влада, а пренесуваат светските агенции.

На бродот кој беше запленет во Ормутскиот теснец имало имало 23 морнари.

XS
SM
MD
LG