Достапни линкови

Уапсени демонстранти на протести против изградба на депонија кај Москва


Протестите против изградба на депонија во близина на Москва

Руската полиција употребила сила за да ги растера демонстрантите кои протестирале против уништување на шума во близина на Москва. Жителите на Ликино-Дулево, град во близина на Москва го блокираа пристапот до патот каде треба да се гради нова депонија во близина на шума.

Според активисти, 50 полицајци биле распоредени на местото на протестите, а вработените во фирмата која вршела сеча на шумата насилно ги растерала демонстрантите. Најмалку двајца демонстранти се уапсени, а полицијата, како што наведоа активисти, користела гумени палки.

XS
SM
MD
LG