Достапни линкови

Државно земјиште по багателни цени


Миле Јанакиески пред Суд

Замрзнување на имот и земјиште бара обвинителството за случајот во кој меѓу обвинетите е ексминистерот Јанакиески при што буџетот е оштетен за 2,6 милиони евра. Се бара и притвор за 9 осомничени, а ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека намерно се гонат нивни членови.

Обвинителството за организиран криминал бара замрзнување на имот и земјиштето што се под истрага на бизнисменот што купил 26 илјади метри квадратни државно земјиште во 2010 година со што заедно со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го оштетиле буџетот за 2,6 милиони евра.

Обвинителството бара од судот да одреди мерка притвор за деветмина осомничени од вкупно 11 за предметот познат во јавноста како Шпански скали. Станува збор за продажба на државно земјиште на две локации, едната во градскиот парк каде што било предвидено изградба на хотелски комплекс, и втората локација во Центарот на градот каде требало да се изградат хотели и познатиот објект Шпански скали во кој биле планирани да се сместат деловни простории. Бизнисменот, чие име засега не го открива Обвинителството, го купил земјиштето во едниот договор по 71 денар од метар квадратен, а во другиот пак, по 2500 денари за метар квадратен.

Обвинителката Ивана Трајчева вели дека осомничените склучиле четири договори за откуп на градежното државно земјиште, но иако во тие договори биле предвидени и казни доколку договореното не се испочитува, осомничените не го раскинале договорот, и наместо да го вратат земјиштето во државна сопственост тие предизвикале штета врз буџетот.

„Наместо поради неисполнување на договорните обврски еднострано да ги раскинат договорите и да го вратат градежното земјиште во сопственост на државата, како и да извршат наплата на договорната казна од купувачот осомничените склучувале анкеси на договорот со купувачот,“ вели Трајчева.

Јанакиески повторно чека одлука за притвор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е дел од политичкиот прогон против нивните членови од партијата. Меѓу приведените се двајца високи функционери во партијата кои како вработени во министерството за транспорт и врски се осомничени за злоупотреба на службена должност.

„На кого ќе му одредат мерка притвор. Ќе определат притвор на оние кои веќе се во притвор, или ќе определат притвор на претседателот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром со цел да не може да го води ОК во Аеродром зошто на претходните претседателски избори ги прегази таму и ВМРО-ДПМНЕ победи со 3.500 илјади гласови разлика истата онаа општина која СДСМ на локалните избори ја сметаше за своја голема победа заради скандалите кои ги вадеше Дејан Митевски во јавност, заради истите скандали заради кои тој збореше за Златко Марин, ВМРО-ДПМНЕ победи со 3.500 гласови разлика“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Николовски истакна дека власта има отворено 750 случаи против членови на ВМРО-ДПМНЕ, а оти оваа 751 истрага е отворена затоа што власта е во тешки скандали.

Во однос на тврдењето на опозицијата дека во овој предмет се работи за различно толкување на управна постапка кое најмногу може да заврши пред Управен суд, обвинителката Трајчева вели дека осомничените со кривичното дело и нанеле штета на државата.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00
Директен линк

Во 2015 година опозицијата објави и прислушувани разговори за Шпанските скали кои подоцна му беа предадени на Специјалното јавно обвинителство.

Шпанските скали дел од предистрага и на СЈО

Во „бомбите“ како што тврдеше опозицијата, се слуша како поранешниот премиер Никола Груевски му вели на Јанакиески да пронајде некој што ќе ги изгради скалите и после да го продадат деловниот простор под нив.

Од Специјалното јавно обвинителство велат дека се уште е отворена предистражната постапка за Скопје 2014 во која се опфатени сите планирани и изведени проекти меѓу кои најверојатно се и Шпанските скали.

Трајчева вели дека за овој предмет Обвинителството не побарале помош ниту соработувале соСпецијалното јавно обвинителство затоа што случајот што СЈО го води за „Шпанските скали“ е за друго дело.

Меѓу приведените се Миле Јанакиески, екс министер за транспорт, Димитар Димовски вработен во Министерството за транспорт и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром кој исто така е вработен во Министерството. Меѓу уапсените е и државниот правобранител, Емилија Радојкова, вработена во Катастар, нотари и бизнисмен.

Радио Слободна Европа пред пет години пишуваше дека на таа локација каде што требаше да се градат Шпанските скали фирмите не ги исполниле условите пропишани со договорите.

Албанската фирма Амадеус груп станала сопственик на три парцели во општина Центар на атрактивни локации. На две од нив тогаш било предвидено да се изградат хотели, а на едната комерцијално деловен објект, односно таканаречените Шпански скали.

Амадеус груп и покрај тоа што доцнела со исполнување на обврските за добивање на градежна дозвола за земјиште кое го купила во 2011 година, станала сопственик на уште две парцели во општина Центар.

Јанакиевски досега беше приведен за предметот на СЈО Титаник, по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски по што за предметот насилен упад во Собрание доби куќен притвор. Против него СЈО има покренато пет обвиненија додека Јавното обвинителство води една истрага и покрена еден обвинителен акт. Едната е за последниот случај за другата за насилниот упад во Собранието на 27 април за кој претходно доби и куќен притвор.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG