Достапни линкови

За „шпанските скали“ приведени 11 лица


Пред судија на претходна постапка се изведени единаесетмина осомничени меѓу кои поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром.

Проневера на околу 2 милиони евра со 4 незаконски договори за големи парцели е причината поради која за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески повторно се бара мерка притвор, велат од Обвинителството за организиран криминал. Јанкиески пред суд е донесен од домашниот притвор кој го доби поради сомневање дека е дел од организаторите на насилниот упад во Собранието на 27 април.

Обвинителството за организиран криминал отвори постапка против единаесет поранешни и сегашни вработени во државни институции. Станува збор за петмина вработени во министерството за транспорт и врски, потоа за нотари и вработен во Катастар, како и државниот правобранител на Град Скопје. Изутрината беа приведени и Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на Аеродром потврдија од ВМРО-ДПМНЕ за РСЕ.

„По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје“, појаснуваат од МВР

Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје за таканаречените „Шпански скали“ проект кој требаше да биде дел од Скопје 2014. Договорите за земјиштето биле дополнувани со анекси и покрај тоа што не биле исполнувани условите за тоа.

Радио Слободна Европа пред пет години пишуваше дека на таа локација каде што требаше да се градат Шпанските скали фирмите не ги исполниле условите пропишани со договорите.

Албанската фирма Амадеус груп станала сопственик на три парцели во општина Центар на атрактивни локации. На две од нив тогаш било предвидено да се изградат хотели, а на едната комерцијално деловен објект, односно таканаречените Шпански скали.

Амадеус груп и покрај тоа што доцнела со исполнување на обврските за добивање на градежна дозвола за земјиште кое го купила во 2011 година, станала сопственик на уште две парцели во општина Центар.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00
Директен линк

Во 2015 година опозицијата објави и прислушувани разговори за Шпанските скали кои подоцна му беа предадени на Специјалното јавно обвинителство.

Во „бомбите“ како што тврдеше опозицијата, се слуша како поранешниот премиер Никола Груевски му вели на Јанакиески да пронајде некој што ќе ги изгради скалите и после да го продадат деловниот простор под нив.

Од Специјалното јавно обвинителство велат дека се уште е отворена предистражната постапка за Скопје 2014 во која се опфатени сите планирани и изведени проекти меѓу кои најверојатно се и Шпанските скали.

Јанакиевски досега беше неколку пати притворен и тоа за предметот на СЈО „Титаник“ во ноември 2018 заедно со поранешниот генерален секретар на Влада Кирил Божиновски, потоа за предметот на Јавното обвинителство за организаторите на насилниот упад во Собранието во февруари годинава. По што Апелација му ја преиначи мерката во куќен притвор.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG