Достапни линкови

Нема бунт против Меј, тврдат британски министри


Неколкумина британски министри, меѓу кои и министерот за финансии Филип Хамонд, денеска ги отфрлија како неточни тврдењата на некои лондонски весници дека министри во Владата во Лондон „отворено се побуниле“ против премиерката Тереза Меј и дека ќе бараат нејзина смена и избор на привремен премиер, кој би ги завршил преговорите за Брегзит.

Хамонд оцени дека евентуална смена на Меј „на никаков начин нема да ги реши проблемите околу Брегзит“, признавајќи дека сепак Договорот за британското истапување од ЕУ, што Владата го постигна со Брисел, можеби нема да биде одобрен од Парламентот во Вестминстер.

Тврдењата за „бунт против Меј“ и „за обид за пуч во Владата“ ги отфрли и министерот за Брегзит Стивен Баркли, нагласувајќи дека премиерката „се уште раководи“ со Кабинетот.

XS
SM
MD
LG