Достапни линкови

Еди Рама- премиер и шеф на албанската дипломатија


Еди Рама

Албанскиот Парламент синоќа со 78 гласови „за“, без присуство на опозициските пратеници, ја одобри Уредбата со која актуелнот премиер Еди Рама ја презема и должноста министер за Европа и надворешни работи на Албанија.

Претходно, со 77 гласови „за“ и еден „воздржан“ парламентот од оваа функција го разреши досегашниот шеф на дипломатијата Дитмир Бушати.

На 16 јануари албанскиот Парламент со гласовите на владејачкото мнозинство ги избра новите министри во реконструираната Влада, а уредбата за наименување на Рама и за шеф на дипломатијата, претседателот на Албанија, Илир Мета ја потпиша два дена подоцна, на 18 јануари.

Претходно, Мета одби да го наименува Косовецот Гент Цакај за министер за Европа и надворешни работи, по што премиерот Рама самиот се предложи за оваа функција, предупредувајќи го шефот на државата дека „ќе се видат во новиот Уставен суд“.

XS
SM
MD
LG