Достапни линкови

Влада: постигнат договор за уставните измени со новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ


Архива: Собраниска седница за уставни измени. 09.01.2019.

Владата и новата пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и колицијата вечерва соопштија дека со заедничко учество успеале да постигнат договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик, со што обезбедиле најмалку две третини мнозинство во Парламентот.

„Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа, со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани“, се вели во соопштението.

Во него Владата и новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ наведуваат оти потврдуваат дека државјанството е македонско/ граѓани на Република Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG