Достапни линкови

Трамп: Во извесна смисла изборите се и за мене


Избори за Конгресот, референдум за Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Избори за Конгресот, референдум за Трамп

Во САД се одржуваат избори за Конгресот и за властите во сојузните држави на кои демократите би можело повторно да станат важен фактор на политичката сцена и да го забрзаат заминувањето на претседателот Доналд Трамп. Американците избираат 435 членови на Претставничкиот дом на Конгресот и третина од членовите на Сенатот, гувернери и парламенти во повеќето сојузни држави.

Американскиот претседател Доналд Трамп на крајот од неговата интензивна кампања за изборите во Конгресот оцени дека всушност ова гласање најмногу се однесува на него.

„Кој дури слушнал за среднорочни избори. Јас дури и не знам што е тоа. Јас знам многу луѓе кои велат: „Јас дури и не знам што се среднорочни избори, но сега гледам секоја минута и излегувам да гласам“. Но, клучот е, мора да излезете на гласање, бидејќи во извесна смисла јас сум на избирачкото ливче, мора да излезете на гласање“, рече тој.

Трамп се надева дека со својата кампања ќе ги спречи демократите да го преземат Конгресот од неговите републиканци.

Тој, како впрочем и главниот во кампањата на демократите поранешниот претседател Барака Обама сметаат дека на овие избори се работи за иднината на земјата.

„Најважно е тоа што на избирачкото ливче е карактерот на земјата. Кој сме ние, е на ливчето“, рече Обама.

Токму ова го потврдува и ентузијазмот на избирачите кој е многу поголем од претходните избори.

Досега предвремено гласале над 35 милиони Американци, што е за над 67 насто повеќе од 2014 година, кога исто така се решаваше за мнозинство во Конгресот.

Таканаречените среднорочни избори во САД се одржуваат на половина од претседателскиот мандат.

Изборите одлучуваат кој ќе го контролира Конгресот.

Се избираат сите 435 места во Претставничкиот дом.

Се избира и една третина од Сенатот од 100 места. Сенаторите служат шестгодишни мандати кои се преклопуваат.

Резултатите од изборите можат да имаат значителен ефект врз способноста на претседателот да управува со земјата.

Пред среднорочните во изминативе месеци се одржуваа таканаречни примарни избори.

На нив гласачите го избираат својот најпосакуван кандидат од секоја партија, кој потоа излегува на изборите кои се одржуваат во вторник по првиот понеделник во ноември.

Овој пат традицијата е на страната на демократите, бидејќи партијата на оној што е во Белата куќа главно ги губи изборите за Конгресот на средината на неговиот мандат.

Анкетите во текот на годинава и даваа предност на Демократската партија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG