Достапни линкови

Трамп: главниот фокус на изборите е врз Сенатот


Трамп и Обама во кампања за изборите за Конгресот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Трамп и Обама во кампања за изборите за Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот фокус пред се е ставен врз изборите за Сенатот, навестувајќи дека не е голем оптимист по повод можноста републиканците да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом на Конгресот. Американците во вторник ќе избираат 435 конгресмени и третина од членовите на Сенатот.

Американскиот претседател Доналд Трамп интензивно учествува во изборната кампања за Конгресот во обид да ги придобие гласовите за републиканците.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека демократите ќе успеат да освојат уште 23 места што им се потребни за да имаат мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Тоа пак ќе им овозможи да ја задушат законодавната агенда на Трамп и да ја заосстрат контролата врз неговата администрација.

Републиканците пак се насочени кон тоа да го задржат своето мало мнозинство во Сенатот, во моментов на две места, што ќе им дозволи да ја задржат моќта при изборот на Врховниот суд и врз другите судски номинации.

Трамп изјави дека во текот на оваа кампања тој се фокусирал врз Сенатот.

„Мислам дека добро ќе минеме на изборите за Претставничкиот дом. Но, како што знаете, мојот примарен фокус е врз Сенатот и мислам дека навистина добро стоиме за изборите за Сенатот“, изјави Трамп, напуштајќи ја Белата куќа за да учествува на два изборни митинга во Џорџија и Тенеси.

Во последната фаза на кампањата, Трамп ја заостри својата реторика за имиграција, вклучувајќи и предупредувања за караваните на мигранти кои се упатија кон границата на Мексико со Соединетите држави.

Во изборната кампања од страна на демократите интензивно се вклучи и поранешниот претседател Барак Обама.

Тој во Чикаго, потсетувајќи се на десет годишнината откако беше избран за претседател, наведе дека се гласа за карактерот на земјата.

„Можете да гласате за она што може да бидат најважните избори на нашите животи, можеби и поважни од 2008 година, бидејќи Америка е на крстопат токму сега. Постои натпревар на идеи што се случува токму сега, за тоа кои сме и какова земја ќе бидеме“.

Според Изборниот проект на Универзитетот во Флорида, кој го следи одѕивот на гласачите, до неделата скоро 34,4 милиони луѓе предвремено гласаа.

Тоа е за 67,8 повеќе од предвремените гласови во текот на целата 2014 година, односно претходните избори за Претставничкиот дом и Сенатот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG