Достапни линкови

Трамп: ова беше најголемата револуција во САД досега


Трамп: ако сте уморни од победи гласајте за демократите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Трамп: ако сте уморни од победи гласајте за демократите

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на предизборниот митинг во Пенсилванија ги повика поддржувачите да гласаат на претстојните избори за Конгресот, додавајќи дека ова било најголемата револуција што некогаш се случила во Соединетите држави. Тој исто така упати апел за помош на погодените подрачја од ураганот Мајкл на Флорида и во Џорџија.

Ураганот Мајкл, еден од најмоќните што го погодија копното на Соединетите држави во изминативе 50 години со силни ветрови, високи бранови и поројни дождови, беше само дел од говорот на претседателот Доналд Трамп на предизборниот митинг во Ери, Пенсилванија.

„Тој е голем, еден од најголемите што сме ги виделе. Цела Пенсилванија, цела Америка ја испраќа својата непоколеблива љубов и поддршка“.

По најновите брифинзи со државните службеници за последиците од ураганот Мајкл на Флорида и во Џорџија потпретседателот Мајк Пенс го одложи закажаното патување во Атланта.

Од друга страна, претседателот Доналд Трамп на собирот во Пенсилванија, освен повикот за солидарност, упати и апел до приврзаниците да излезат на ноемврските избори за Претставничкиот дом и Сенатот и да гласаат за републиканците.

„Единствената причина да гласате за демократ е ако сте уморни од победување. Тогаш би требало да гласате за демократ“.

Трамп притоа оцени дека станува збор за револуција во Соединетите држави:

„Ова беше најголемата револуција што некогаш се случила во нашата земја. Тука сме“.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека приврзаниците на демократите се поентузијасти да гласаат на овие избори за Конгресот.

Сепак, во последниве недели републиканците го намалија јазот и ја искористија борбата на Брет Кавано при неговото одобрување во Сенатот за член на Врховниот суд по предлог на Трамп, да ги поттикнат нивните гласачи да излезат на изборите во почетокот на ноември.

Вообичаено партијата која ја држи Белата куќа губи места на среднорочните избори за Конгресот.

Многу аналитичари предвидуваат дека демократите ќе можат да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом, но воопшто не е јасно дали ќе го преземат и Сенатот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG