Достапни линкови

Повторното раѓање на американскиот социјализам


Преродба на социјалистичкото движење во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Преродба на социјалистичкото движење во САД

Најголемата социјалистичка организација во Соединетите држави забележува експлозивен раст на членството откако Доналд Трамп влезе во Белата куќа.

За Макс Беласко, 29-годишен информатичар од Лос Анџелес, социјалистичка Америка ќе гарантира дом и храна за секој граѓанин и ќе ја препознае вредноста на животот.

„И социјализмот, во своето јадро се обидува да предизвика некоја заедница што може да биде подобра, бидејќи всушност се обидуваме да живееме не само за себе, туку и за другите луѓе“.

За 23 годишниот Блејк Робертс тоа ќе изгледа како во некоја скандинавска земја, со силен јавен сектор, здравствена заштита и високообразовни институции контролирани од владата.

„Мислам дека за мене најголемата претстава за социјализмот е фактот што тоа значи дека ги ставате луѓето над профитите“.

Нивното верување во алтернативно општество ги привлече во Демократските социјалисти на Америка, социјалистичка организација која се залага за крај на капитализмот и ги поддржува политиките кои ги јакнат правата на работниците и ја слабеат моќта на корпорациите.

Демократскиот социјализам своевремено беше најголемото политичко движење во САД надвор од Републиканската и Демократската партија, како што е примерот со Јуџин Дебс, петкратна кандидатка на социјалистите за претседател во почетокот на 20 век.

Десетици социјалистички градоначалници и неколку социјалистички конгресмени беа избрани на функција.

Интересот се намали по растот на Комунистичката партија во Советскиот Сојуз и за време на Студената војна.

Но, изборот на републиканецот Доналд Трамп во ноември 2016 година го ревитализира движењето.

Почнувајќи од 1982 година со 6.000 членови, сега оваа партија забележа експлозивен пораст и по изборот на Трамп, достигна 50.000 членови.

Александрија Окасио Кортез, 29-годишната политичка новодојденка која го победи 10 кратниот актуелен конгресмен Џо Кроули на изборите за демокартски кандидат во Конгресот одржани во јули во Њујорк е видлив симбол на зголемениот интерес во социјализмот низ целата земја.

Нејзината кандидатура за Конгресот, за која се смета дека ќе биде успешна ги има своите корени во претседателската трка на сенаторот Берни Сандерс од 2016 година.

Таа, како и многу млади социјалисти, доброволно работеа за Сандерс, кој освои 43 насто од гласовите на демократските избори со неговите повици да се стави крај на влијанието на големи пари во политиката.

Нивниот успех е одраз на зголеменото движење на левото крило во Демократската партија по неуспехот на Хилари Клинтон да влезе во Белата куќа.

Најдобар пример за тоа се кандидатите за место во парламентот на Калифорнија кои се од истата Демократската партија: Марија Естрада и актуелниот пратеник Ентони Рендон.

„Не се срамам од тоа“, вели таа за нејзината социјалистичка етикета.

„Јас не сум капиталист. Не се согласувам со тој систем“.

Иако членството на ДСА е мало во споредба со милионите регистрирани Демократи и републиканци, Белата куќа сепак го забележа.

На 23 октомври, Советот на економски советници објави извештај од 72 страници насловен како „Можните трошоци за социјализам“.

Трамп му се спротивстави на социјализмот во говорот во Генералното собрание на Обединетите нации во септември, наведувајќи дека „секаде каде што социјализмот бил испробан, тој создал страдања, корупција и распаѓање“.

„Сите народи во светот треба да им се спротивстават на социјализмот и на бедата што ја носи за секого“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG