Достапни линкови

Повеќето проблеми останати, малку сработено за Тетово


Расфрлан смет во близина на гробиштата во Тетово.
Расфрлан смет во близина на гробиштата во Тетово.

Тетовци се жалат дека по една година од новиот мандат, градоначалничката Теута Арифи има сработено многу малку и оти клучните проблеми во градот остануваат. Во локалната власт, пак, посочуваат дека ги решиле проблемите со водоводот и депонијата.

Малку добри работи, а повеќето проблеми нерешени. Вака тетовци ја коментираат работата на општинат една година по новиот мандат на градоначалничката Теута Арифи.

Оваа година нема ништо направено, ни со прст нема помрднато нешто да направи. Во градот нема хигиена, нема паркиралишта, ние пешаците нема кај да поминеме.“

„Ништо, баш ништо. Со водата има проблеми, горе слабо вода имаат. Многу работи му фалат на градот, сè што е почнато е направено стоп.“

„Има работено, еве тротоарите.“

„Има доста критики. Во Горна Чаршија еден пат од половина километар на пролет е почнат, не е довршен. Има нешто добро, ама повеќе лошо. Тротоарите ги направи, плоштадот“, изјавија анкетираните тетовци.

Александар Велјановски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со сличен став дека граѓаните и понатаму се соочуваат со недостатоците во градот.

Може да се забележи дека нема никаков напредок во делот за заштита на животната средина, се продолжува со легализација на објекти од кои голем дел се наоѓаат на зелени површини и на јавни површини. Исто така за делот за реконструкција на улици и горливиот проблем на жителите од горниот дел на градот особено улицата Гоце Делчев. По помината една година од изборите нема ништо ново. Депониите што се диви и согорувањето на отпадот исто така е значително зголемено интензивирано во овој период. Квалитетот на водоснабдувањето, и понатаму ги имаме старите проблеми во одредени денови од градот и забележителен силен мирис на водата, со што граѓаните се навистина загрижени дали водата може да се пие или не“, вели Велјановски.

Подобрени услови во сите училишта и градинки, повеќе реконструирани улици, пуштен во употреба нов мост и пат, доградена капела, јавните површини ослободени од диви тезги. Ова се дел од резултатите кои истакнуваат во Општина Тетово.

На истекот на првиот мандат и почетокот на вториот успеавме да ги решиме двата најголеми проблеми. Тоа е водоводот и расчистувањето на депонијата со акцент на незастанување на овој процес туку со постојана работа и со вложување средства и труд да продолжиме понатаму се со цел зачувување на здрава и чиста животна средина за нас и нашите поколенија“, изјави Арменд Фазлиу, шеф на кабинетот на Теуат Арифи.

Тој најавува реализација на проектите за проширување на булевар, реогранизација на зелен пазар, нов систем за наводнувањ и друг вид инфраструктура.

XS
SM
MD
LG