Достапни линкови

Кога до нов генерален урбанистички план за Тетово?


Изградба на куќа во Тетово

Тетово речиси две децении нема Генерален урбанистички план, а последиците од тоа сега ќе биде уште потешко да се надминат.

Последниот Генерален урбанистички план за Тетово е изработен 2002 година, а оттогаш ниту еден од четворицата градоначалници кои го раководеле градот не успеале да направат нов. Од 2013 година општина Тетово два тековни градоначалнички мандати има Теута Арифи, а дури сега во август, Советот формираше работна група која треба да гизапочне подготовките за изработка на нов Генерален урбанистички план. Сегашната градоначалничка тврди дека планирањето на градот било одложувано од оваа локална самоуправа поради потребата од итност во решавање на проблеми од секојдневен аспект.

Минатиот мандат го трошевме во решавање на многу базични проблеми на градот како што беше водоснабдувањето, решенијата поврзани со отпад, па проектот на кој конкуриравме за отпадните води. Сметам дека овој мандат е добро да го потрошиме во градење на визија, концепт и да завршиме да стигнеме до гласање за Генерален урбанистички план“, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Архитектот Богосав Божиновски тврди дека поради тоа што речиси две децении градот функционира без нов Генерален урбанистички план создадени се огромен број последици и нарушување на урбаното живеење.

„Таква густина населуваат без запазување на основните параметри кои што се предвидени со секој ГУП, па не доведе до ова. Масовната злоупотреба на одредени законски под-акти на сето што е, доведува да имаме такви градби кои што со ГУП не се предвидуваат тие меѓутоа се утврдува густина на население на одредена површина“, вели Божиновски.

По изработката на последниот план во 2002 година требало наредните 10 години да се следи состојбата и во 2012 да се спроведат нови решенија за подобрување на условите за живот. Сега уште потешко ќе се одвива процесот, смета тој.

„Колку од тој ГУП од 2002 година реализиран и како е реализиран која била предвидена густина која е изведена на лице место. Тоа треба да се види каков е тој сооднос. Се следат годините назад. Статистички податоци да се соберат од сите области и за индустрија и за школство. Кој е бројот на ученици, зголемување, намалување. Кој дел од индустрија, сега имаме нови индустрии кои што бараат нешто друго. Тоа мора да се испита. Да видиме што значат и сега многу популарните мерки кои што се предвидени со екологијата, затоплување што значи тоа. Дали треба да направиме поголеми зелени површини што ние ги уништивме овде“, вели архитектот.

По согледувањето што е реализирано според планот од 2002 година, ќе бидат потребни уште најмалку две години да се изготви новата генерална урбанистичка визија за Тетово.

XS
SM
MD
LG