Достапни линкови

САД и Иран ја заоструваат реториката


Помпео: иранските лидери се „лицемерни свети луѓе“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Помпео: иранските лидери се „лицемерни свети луѓе“

Претседателот на САД Доналд Трамп го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани на Твитер за „никогаш повеќе“ да не се им заканува на САД. Претходно, Рохани му порача на Вашингтон да не си игра „со опашот на лавот“. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Мајк Помпео ја нападна иранската владејачка елита за користење на нејзината позиција за да ги наполни своите џебови.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, ги нарече иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи и другите верски лидери во теократската влада „лицемерни свети луѓе“ кои трупаат стотици милиони долари од тоа што се на власт, додека просечните граѓани „плачат за работа, реформи и можности“.

„Нивото на богатство од корупцијата кај иранските лидери покажува дека Иран е управуван од нешто што повеќе наликува на мафија отколку на влада“, рече Помпео.

Тој во говорот во Kалифорнија, каде што живеат над 250 илјади Американци со иранско потекло, насловен како „Поддршка на иранските гласови“, оцени дека „режимот во Иран бил „кошмар за иранскиот народ“, бидејќи додека трошел многу пари за извоз на исламската револуција во регионот, Иранците страдаат.

„Понекогаш се чини дека светот стана нечувствителен за авторитарноста на овој режим дома и за неговите кампањи за насилство во странство. Но, гордиот ирански народ не останува да молчи за многуте злоупотреби на нивната влада, а САД под претседателот Трамп нема да молчат исто така“, рече Помпео.

Претходно, иранскиот претседател Хасан Рохани ги предупреди САД дека доколку изберат судир со Иран тоа ќе резултира со „мајка на сите војни“.

Рохани му порача на Трамп да не спроведува непријателски политики спрема Иран:

„Не играјте со опашот на лавот, тоа само ќе доведе до жалење. Вечно ќе жалите“, рече Рохани.

Иран се соочува со зголемен американски притисок и нови санкции по одлуката на Трамп да ги повлече САД од меѓународниот договор во 2015 година во врска со нуклеарната програма на Иран. Обраќајќи се на собирот на ирански дипломати, Рoхани рече:

„Вие не сте во позиција да ја поттикнете иранската нација против иранската безбедност и интереси. Иранскиот народ ги познава своите интереси и жртви за да се заштити. Погрешивте“, рече иранскиот претседател.

Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се официјални американски претставници, јави дека администрацијата на Трамп започнала офанзива против Техеран, која се состои од говори и онлајн комуникации.

Целта е да се притисне Иран да ја прекине својата нуклеарна програма, за која Техеран вели дека е целосно мирољубива и запирање на поддршката за милитантните групи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG