Достапни линкови

Иран и европските сојузници против САД


Иран не ги прифаќа условите од САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Иран не ги прифаќа условите од САД

Иран и другите потписнички на нуклеарната спогодба оценија дека новите услови што Вашингтон му ги постави на Техеран нема да донесат поголема безбедност во регионот. Претходно американскиот државен секретар Мајк Помпео најави најстроги санкции врз иранскиот режим.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран не прифаќа Соединетите држави да носат одлуки за него.

Тој ова го изјави откако американскиот државен секретар Мајк Помпео постави услови до Иран и објави построги санкции врз таа земја.

„Светот денес не прифаќа САД да решаваат за него. Земјите имаат своја независност“, рече Рохани во телевизиското обраќање, прашувајќи:

„Кои сте вие да решавате за Иран и за светот?“.

И шефот на иранската дипломатиија Мохамад Џавад Зариф на твитер напиша дека „американската дипломатија била „измамничка и затворена во заблуди и неуспешни политики“.

Помпео претходно објави дека Вашингтон ќе воведе најстроги санкции во историјата на Иран и оти тие ќе стануваат се потешки се додека иранскиот режим не го „смени курсот“.

„Режимот се бори со целиот Блиски Исток со години. Откако ќе стапат во сила нашите санкции, ќе се бори да ја одржи својата економија жива. Иран ќе биде принуден да направи избор, или да се бори да ја одржи својата економија во живот дома или да ги троши скапоцените богатства за борби во странство“.

Помпео изнесе 12 барања за Иран и повтори дека олеснувањето насанкциите ќе дојде само кога Вашингтон ќе забележи видливи промени во политиката на Иран.

Осврнувајќи се врз говорот на Помпео шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека не постои алтернативно решение за нуклеарната спогодба со Иран.

„Говорот на секретарот Помпео не откри ништо за тоа како повлекувањето од нуклеарната спогодба придонесе или како ќе придонесе за безбедност во регионот од ширењето на нуклеарното оружје или како не става во подобра позиција да влијаеме врз Иран“, оценува Могерини.

На ист став е и шефот на германската дипломатија Хајко Мас кој во Буенос Аирес рече:

„Иран е во нашето пошироко соседство, и бидејќи во моментов не гледаме подобра алтернатива, токму затоа не сакаме да го напуштиме договорот“.

Говорот на Помпео беше поздравен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху:

„Ние веруваме дека ова е вистинската политика. Ние веруваме дека тоа е единствената политика што во крајна линија може да ја гарантира безбедноста на Блискиот Исток и мирот во нашиот регион и ги повикуваме сите земји да го следат водството на Америка тука, бидејќи Иран е агресивна сила“.

Пред две недели американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука Вашингтон да се повлече од нуклеарната спогодба со Иран.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG